Членство

Членување во здружението

Членувањето во Здружението е доброволно.

Член на Здружението може да биде секое физичко лице кое ги исполнува условите и критериумите определени во овој Статут и на кого му е одобрено членството.

За да стане член на Здружението, кандидатот мора да биде:

а) полнолетен државјанин на Република Северна Македонија кој професионално се занимава со глума во театар или на аудиовизуелни дела, или странски државјанин кој глуми на македонски јазик (или на јазиците на малцинствата) и кој (државјанин или странец) ги исполнува следните услови:

  • кандидатот изјавува дека го прифаќа статутот и дека ќе работи во согласност со него, согласно начелата и другите правила на Здружението и за таа цел ќе го потпише Барањето за членство, кое станува валидно како Изјава за членство, доколку кандидатот ги исполнува сите услови за членство;
  • кандидатот исполнува еден (1) од следните услови – при што кандидатот:

– имал водечка улога во најмалку едно (1) важно долгометражно аудиовизуелно филмско дело (прикажувано во кината или на телевизија во Македонија или во странство ) или водечка улога во театарско дело

или

– имал водечка улога во најмалку едно (1) среднометражно, сериско или долгометражно телевизиско аудиовизуелно дело (истовремено емитувано низ Македонија или во странство) или водечка улога во театарско дело

или

– имал споредна улога во најмалку две (2) долгометражни аудиовизуелни филмски дела (прикажувано во кината во Македонија или во странство) или споредни  улоги во најмалку две(2) театарски дела

или

– имал споредна улога во најмалку две (2) среднометражни или долгометражни телевизиски аудиовизуелни дела (истовремено емитувани низ Македонија или во странство) или споредни улоги во најмалку две(2) театарски дела

или

– имал споредна улога во најмалку три (3) епизоди од сериски телевизиски аудиовизуелни дела (истовремено емитувани низ Македонија или во странство)

или

– имал водечка улога во најмалку два (2) кратки филма кои биле јавно прикажани за време на програмата на меѓународен филмски фестивал или емитувани на телевизија низ Македонија или во странство;

или, по исклучок,

– имал улоги во помала мера отколку што е наведено во точките 1-6 овде, но бил поканет да се приклучи на Здружението од страна на најмалку 3 членови. Сепак, таквиот кандидат мора професионално да се занимава со глума надвор од аудиовизуелната продукција;

а дополнително на горенаведените 7 услови, таквиот кандидат треба да исполнува уште еден од следните два (2) услови:

  1. да има диплома за драмски актер
    или
  2. професионално се занимава со глума во аудиовизуелни дела или е професионално вклучен во истото најмалку три (3) години.

Кога се одлучува дали кандидатот е соодветен за членство во Здружението, следнава дефиниција треба да помогне при објаснување на концептот на актер во театар и во  аудиовизуелни дела или драмски и филмски актер: „Драмскиот/Филмски актер е креативна личност која врз основа на предложен текст (драмско дело, предолошка и сл.) или сценарио создава театарска, филмска или телевизиска улога и е автор на таа улога. Создавањето на улогата се состои од целокупниот концепт и структура на драмскиот или филмскиот лик, кој одговара на концептот на целото театарско или аудиовизуелно дело и создава меѓузависност помеѓу другите улоги, настани, места и жанрот на тоа дело. Креативната работа на актерот вклучува трансформација и постојана интернализација на секој дел од создадениот лик, прилагодување на актерските методи според медиумот во кој ја остварува улогата.

За зачленување потребно е да се поднесе пристапница и CV на членот кој пристапува во здружението.

Чланарина

600 денари

за вработени актери

300 денари

за не вработени актери

Бесплатно

за студенти

Scroll to Top