Цели и задачи на здружението
Програмски активности
Здружението на актери на Македонија ЗНАМ Скопје ќе се стреми и залага кон остварување на следниве цели и задачи:
- Ќе ги спроведува и ги застапува интересите на своите членови во општествениот живот,
- Ќе се обиде да обезбеди најдобри можни услови за креативна работа на македонските актери, вклучително правично плаќање и подобри услови за работа за своите членови. Во тој поглед, Здружението се стреми да воспостави единство меѓу своите членови и да подготви, спроведе и обезбеди стандардни минимални услови во нивно име,
- Ќе соопштува мислења и ставови за предлогот за национална културна програма или за програмите за кинематографија, медиуми и телевизија кои се предложени за јавно финансирање,
- Ќе учествува во изготвување закони, регулативи и планови за театар, кинематографија, телевизија и продукција, и учествува во дистрибуција на аудиовизуелни дела,
- Ќе ја застапува слободата на креативност и ја оптимизира позицијата на македонскиот аудиовизуелен сектор со сите правни средства во согласност со долгогодишната традиција на македонскиот филм и сите важечки закони,
- Ќе го подобрува нивото на професионализам на своите членови и се залага за почитување на моралните принципи во делата на Здружението и неговите членови,
- Ќе биде посветено на прифаќање и објавување на етичките правила за оваа професија и ќе ги охрабрува своите членови да ги почитуваат,
- Ќе соработува со странски и македонски професионалци, организации и институции кои професионално или научно се занимаваат со глумење во театар и аудиовизуелни дела (филмови, серии, спотови и др.),
- Ќе основа манифестација за доделување на награди на национално ниво од областа на театар, филм , и тв
- Ќе номинира кандидати за државни и општествени награди од полето на култура,
- Ќе ја промовира македонската театарска и филмска уметност и аудиовизуелните дела на македонските актери во земјата и во странство,
- Ќе учествува во културни активности (издаваштво, библиотекарство, печатени и други медиуми, филм и театар, уметнички награди итн.) во согласност со важечките правила во оваа област,
- Ќе архивира и уредува материјал којшто ја покажува активноста на актерите.