За нас
ЗНАМ
Здружение на актери на Македонија ЗНАМ Скопје е доброволно, автономно, независно, невладино, непартиско и материјално и финансиски непрофитно Здружение на граѓани, кое ги поврзува македонските драмски и аудиовизуелни актери со цел остварување на заеднички професионални, социјални, културни и национални интереси, и за промовирање на развојот на македонскиот театар, кинематографија и аудиовизуелна култура.
Здружението делува на територијата на Северна Македонија, а може да организира и свои претставништва и подружници и надвор од РСМ. Здружението може со одлука да членува или да соработува и на друг начин со домашни или меѓународни организации со слични интереси, а со цел остварување на основните цели на Здружението, доколку тоа не е спротивно на Статутот и другите акти на Здружението, Уставот или законите на РСМ. Здружението има својство на правно лице.
![](https://znam.org.mk/wp-content/uploads/2023/10/za-znam-prime.jpg)
![](https://znam.org.mk/wp-content/uploads/2023/10/za-znam-secondary.jpg)
Информации за здружението
Здружение на актери на Македонија ЗНАМ Скопје
Здружение ЗНАМ Скопје
Association of аctоrs of Macedonia ZNAM Skopje
Association ZNAM Skopje
бул. Илинден бр. 103/1-11, 1000 Скопје, Македонија